Во современ маркетиншки манир Винарницата Лазар би можела да се промовира како „три во едно“. Во оваа винарница добивате најмалку три уживанции на едно исто место. Можете да дегустирате врвни вина од гамата од 23 етикети кои тука се прават. Со нив оди и извонредна храна во првокласниот ресторан. Да не бидеме здодевни, на менито…
Category: Сите
Суво, полусуво, слатко
На етикетите и кај нас се одомаќи одбележувањето на шеќерноста на виното со суво, полусуво и слатко (ова последново поретко затоа што кај нас слатки вина скоро да не се произведуваат). Инаку поделабата е следна: суви вина се оние кои содржат од нула до 4 грама шеќер во еден литар течност. Полусувото содржи до 12…
Шамбрирање
Често ќе чуете: “Шефе, дај еден вранец ама кочан ладен да биде”. Од тука натаму се е јасно. Потребна е основна едукација. Во 19 век во Франција е утврден терминот шамбрирање или ашамбрирање. Тоа значи, доведување на виното на собна температура. Во тоа време кога виното се носело од визбата во домот се оставало неколку…
ВИНСКИ ПРАВИЛА – Процедување
Може ли виното да се процедува или е тоа недозволено? Тоа е големо прашање. Ако има талог треба да се процеди, зашто е навистина непријатно ако во чашата ви останат честички од талогот. Белите вина во принцип немаат потреба од процедување. Ако има талог кој е видлив кај белите вина на дното од шишето, како…
Вински правила-по кој ред се служи виното?
Ова е честа дилема.Доколку сакете да бидете добар домаќин(ка), обидете се да го направите виното момент на уживање. А тоа ќе се случи ако размислувате и малку, да речеме, креативно. Направете преглед на она што ќе се служи на трпезата, а потоа употребете ги правилата кои се доста општи. Основниот принцип треба да се сочува, а…
Шприцер
Доаѓате до големи пречки да пишувате за некои аспекти на консумација виното кај нас, и да останете доследен на својата средина, но и да ја признаете реалноста. Дали виното и водата одат заедно? Според строгите правила на винската етикеција – не одат! Во некои средини се смета за непристојност, вински ерес, културолошки испад. Иако според…
St-Germain spritz
Познати се приказните за Французите кои секое мешање на виното со вода го сметаат за своевидна бласфемија. Позната е онаа досетка за тоа што е тоа француски шприцер? Тоа значи дека виното оди во чашата. А водата? Па таа се истура во саксија со цвеќе! Но и Французите не одолеале докрај. Во последниве години еден…
Во потрага по автентичноста
Вчера на 11 мај во Кавадарци, третпат беше пригодно одбележан Денот на станушината. Оваа единствена сорта на винско грозје доживува своја ренесанса како предизвик во иднината на македонските винарии. Досега ова сорта е прифатена од 27 македонски винарници кои веќе потпишуваат 27 етикети со ова сорта. Иако потценета и занемарена станушината со сигурност си го…
Македонската винска приказна останува ненапишана
Секој кој малку повеќе се заинтересирал во винските волшебства, кој навлегол во некоја поодмината фаза на винското уживање, мудро ќе заклучи дека, покрај добротo грозје од добро лозје со соoдветна почва и добра берба, а се разбира во добри садови и добар мајстор, за виното мора да има и винска прказна. Без разлика кој што…
Виното како мост за поврзување на Западен Балкан
„Иако Балканот како регион е еден од најголемите производители на вино во светот сеуште не е познат на винската и пошироката јавност и затоа неговото поврзување и насочено заедничко делување може да донесе придобивки за сите земји од регионот. Целта е сите чинители во секторот во сите земји на Балканот да разменуваат знаења и вештини,…