Може ли виното да се процедува или е тоа недозволено?
Тоа е големо прашање. Ако има талог треба да се процеди, зашто е навистина непријатно ако во чашата ви останат честички од талогот.
Белите вина во принцип немаат потреба од процедување. Ако има талог кој е видлив кај белите вина на дното од шишето, како кристали, доволно е да внимавате да не го сипете во чашите.
Многу старо, одлежано вино, исто така не би требало да биде процедено. Вредни отстојани ароми ќе бидат уништени од грубоста на постапката. Затоа, подобро е да се послужите со онаа кошничка (од трска, лико или од метална жица) за сипување вино, а кои декоративно изгледаат на маса. Тоа ќе ви овозможи да не го матите виното, односно полека да сипувате и талогот да остане во шишето. Треба да имате „лесна рака“.
Како да е, ако веќе се решите да го процедите виното, направете го тоа во кујната. Да не ве видат. Најнакрај шишето ионака не се празни „до последната капка“, секогаш малку се остава на дното. Во порафинирани кругови искапувањето на шишето би се сметало за простотилак.