St-Germain spritz

St-Germain spritz

Познати се приказните за Французите кои секое мешање на виното со вода го сметаат за своевидна бласфемија. Позната е онаа досетка за тоа што е тоа француски шприцер? Тоа значи дека виното оди во чашата. А водата? Па таа се истура во саксија со цвеќе!

Но и Французите не одолеале докрај. Во последниве  години еден од најпопуларните летни коктели во Франција е St-Germain spritz.

Станува збор за засилен шприцер во кој значајна состојка е ликерот од бозел познат под името St-Germain spritz кој се добива со ферментација на цвет од бозел. Оваа билка е особено карактеристична за планинските алпски подрачја. Тоа е сладок ликер, не многу силен со алкохол (има околу 20 проценти алкохол).

Овој коктел познат  и под името St-Germain spritz се состои од 4,5цл ликер St-Germain spritz, 6цл вино просеко или некое друго суво пенливо вино, 6цл газирана вода и неколку коцки мраз.

Подготовката се прави директно во чашата. Се полни со коцки мраз за да се олади чашата, се додава ликерот, просекото и газираната вода, се замешува со барска лажица, се додеава кришка лимон.

Алтернативата, доколку не можете да најдете ликер од бозел, е некој сличен сладок ликер на база на тревки.