На етикетите и кај нас се одомаќи одбележувањето на шеќерноста на виното со суво, полусуво и слатко (ова последново поретко затоа што кај нас слатки вина скоро да не се произведуваат).
Инаку поделабата е следна: суви вина се оние кои содржат од нула до 4 грама шеќер во еден литар течност. Полусувото содржи до 12 грама шеќер на еден литар. (Тга за југ, на пример е полусуво)
Слаткастите или полуслатките вина содржат помеѓу 12 и 45 грама шеќер во литар. Слатките вина се со над 45 грама по литар.
Производителите не се обврзани и главно не посочуваат на етикетата колку има шеќер во виното. Не станува збор за измама бидејќи секоја берба има повеќе или помалку шеќери, а тоа би значело и нови етикети и нови мерења.
Освен тоа винарите не мислат дека шеќерот е она што главно го одредува карактерот или стилот на виното. Покрај тоа што заради глобалното затоплување процентот на шеќери се зголемува, а со тоа и можноста да се произведуваат и послаки вина. Освен тоа винарите сметаат дека треба да се има добро вино кое може да се носи и со шеќерноста и со други посебности на одредена реколта. Притоа целта е да се постигне балансот во виното, доколку, на пример доминираат киселините, па не се постигнува бараната хармонија. А тоа може да се направи со малку шеќер. Како што на пример и во јадењата се додава лажичка шеќер. Италијанските готвачи никогаш не забораваат да додадат лажичка шеќер во сосот од домати за да не надвладеат киселините.
Се почесто со некоја риба или морски плодови се препорачува малку послатко вино, како и за јадењата правени на путер или со крем сосови.
Слатките вина се инаку на голема цена во светот. Особено оние од доцни или ледени берби.