Во потрага по автентичноста

Во потрага по автентичноста

Вчера  на 11 мај во Кавадарци, третпат беше пригодно одбележан Денот на станушината. Оваа единствена сорта на винско грозје доживува своја ренесанса како предизвик во иднината на македонските винарии. Досега ова сорта е прифатена од 27 македонски винарници кои веќе потпишуваат 27 етикети со ова сорта. Иако потценета и занемарена  станушината  со сигурност си го зазема местото на винските предизвици во винското умеење на новите генерации винари. Иако прифатена главно од малите семејни винарници и засадена на сосема мал дел од вкупните површини под вински сорти, иако потценета  во споредбите со фамозните вински сорти, станушината веќе плени со својата свежина, боја и цветни арома. Податокот дека се работи за единствена автохтона, оригинерна (и научно докажано) македонска винска сорта.