Ова е честа дилема.Доколку сакете да бидете добар домаќин(ка), обидете се да го направите виното момент на уживање. А тоа ќе се случи ако размислувате и малку, да речеме, креативно. Направете преглед на она што ќе се служи на трпезата, а потоа употребете ги правилата кои се доста општи.
Основниот принцип треба да се сочува, а тоа значи дека се служи според следниот ред:
-белите вина се служат пред црвените,
-младите вина пред старите,
-лесните пред јаките
Но, тоа не значи дека треба слепо да се држите до овие правила. Со тек на време, ќе си создавате и свои правила. Тие ќе бидат и најсоодветните, доколку, се разбира, размислите убаво.
Ваквиот пристап е патот до тоа виното да го вкомпонирате со храната. Така ќе направите најдобар впечаток. И се рабира,ова е игра со оптимум од две три вида вино. Претерувањата се непожелни.
Формулата на успехот може да се сведе на следната формула: кога пиете едно вино да не зажалите за претходното!