Вински фалсификати

Вински фалсификати

Дали сте знаеле дека вината се фалсифиуцираат.

Тоа е раширена практика во светот.

Една од големите скорешни афери е фалсифицирањето на едно од најголемите вина на Бургундија Романе Конти, вино кое се добива нод најскапото лозје на светот.
Во Франција се води судски процес во кој се обвинети двајца Италијани, Енцо и Никола Лука и еден државјанин на Русија, Александар Лугов, за фалсификување на ова познато вино.

Тие се обвинети дека во периодот од 2012 до 2014 фалсификувале етикети од Романе Конти и ставиле во промет 400 шишиња. Обвинетите се соочуваат со можна казна од 3 години затвор и надоместок на штета од половина милион евра.
Годишно со името Романе Конти се полнат пет до шест илјади шишиња. Цените се и по неколку илјади евра за шише, а некои берби достигнуваат и до 10.000 евра.