Вино во поштенско сандаче

Вино во поштенско сандаче

Garcon Wines е нова фирма од Велика Британија. Таа нуди достава на вино во – поштенско сандаче! Продажбата оди по интернет и разни системи на претплата, а доставата е кај вас дома- по пошта во поштенското сандаче. Ова не е шега зашто се работи за специјални, сплескани, стаклени шишиња кои можат да влезат низ отворот на поштенското сандаче.

Засега добро и оди на фирмата и за почеток очекуваат триесет до педесет илјади претплатници за нивните вина. Нивниот таргет се 750 илјади претплатници во наредните пет години. Ориентацијата е британскиот пазар каде што има преку 30 милиони луѓе кои редовно пијат вино. Но целта на фирмата е да го освои и францускиот пазар.