Кинески студенти учат во Франција

Кинески студенти учат во Франција

До пред 15 години скоро да ги немало како студенти во француските интернационални вински школи. Сега се веќе една третина од запишаните. За школарина од 13.000 евра годишно тие учат за повисоките тајни на виното. Најчесто во Бордо и во школите на Бургундија.

За Кинезите француските вина се најдобрите и затоа што имаат најдолга историја, а тие тоа знаат да го ценат. Освен тоа, на кинескиот пазар најдобро поминуваат луксузните вина и најпознатите марки. Професиите врзани со виното во Кина се многу ценети и лесно се наоѓа работа со диплома од добра школа. Особено што површините под винова лоза постојано се зголемуваат и Кина е веќе шестиот производител на вино во светот и задоволува 80 проценти од консумацијата во земјата.

Французите гледаат добра можност преку овие студенти да ја одржуваат популарноста на фрaнцуските вина, вложуваат посебни напори и создаваат специјални наставни програми за нив, зашто во самата Кина сè уште не постојат можности за повисока едукација во винскaта уметност. Но кинеските студенти, велат, учат бргу!