Шампанското на британската кралица

Шампанското на британската кралица

Кој ли да верува – Елизабета Втора, кралицата на Велика Британија произведува пенливо вино? Ова не е досетка туку стварност- се појави пенливото бело вино од Great Windsor Park Wine. Виното, од бербатa 2013 произведено на имот на кралицата ќе се појави на пазарот на есен и ќе чини 35 фунти. На пазарот ќе се појават само 2.000 шишиња. Бројката на произведените останува државна тајна. На имотот од 4 хектари во близина на кралската палата Виндзор се одгледува шардоне, пино нуар и пино мение, а лозјето е опкружено со столетни дабови дрва.

Се очекува производството во наредните шест до седум години да достигне 20.000 шишиња. И покрај дискрецијата се дознава дека пенливото вино е од сортата шардоне и дека одлежало 24 месеци во подрум. Оние кои го пробале говорат дека виното има одлична јасно златна боја, дека е богато со ароми, со мириси и вкусови на кајсија, агруми, лимон, зрнести плодови и запечен леб.

Помалку е познато дека виното на имотот Виндзор се правело уште во 12 век, за време на Хенри Втори. Но познато е дека најголемиот број крунисани британски глави сакале вино. Елизaбeтa Втора , пак, особено сака пенливи вина.