Шампања и Бургундија заштитени од УНЕСКО

Шампања и Бургундија заштитени од УНЕСКО

Лозарството, винарниците и винските визби на Шампања, како и Climats  вината од Бургундија се најдоа во листата на УНЕСКО како светско човечко наследство

Во  одлуката на специјалното тело на УНЕСКО, специфичноста на културата на грозје и вини во Шампања се означувааат како место каде од 17 до 19 век се развила методата на создавање  пенливи вина со втора ферментација во шише. Во одлуката на УНЕСКО точно се посочени областите значајни за развојот на  целокупната дејност.

Истото се однесува и на Climats   регионите и парцелите во  Бургундија кои произведуваат вина со ваква ознака. Посочени се мали парцели лозја кои се простираат  во областите  Кот де Нуи и Бон на југ од градот Дижон. Секоја од овие працели дава уникатен карактер на вината.