Меѓународни успеси на Шато Камник во 2015

Меѓународни успеси на Шато Камник во 2015

Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011 е премиум црвено вино на винаријата Камник кое во првиот дел на 2015 освои три значајни признанија на два високорангирани меѓународни натпревари.

Две големи признанија за ова вино пристигна во февруари од Израел. Станува збор за престижните двоен златен медал и за големиот меѓународен шампионски трофеј освоени на Теравино 2015, Израел (ТerraVino 2015 Mediterranean International Wine & Spirit Challenge, Israel). Овој вински натпревар, кој е еден од главните меѓународни натпревари на годишнo ниво во Израел, се одржа во Нетанја под покровителство на Меѓународната организација за лозараство и винарство (OIV), со учество на примероци на вино од 29 земји во светот и меѓународен тим од еминентни судии.

Златен медал за Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2011 пристигна и од најзначајниот вински настан во Романија, Меѓународниот вински натпревар Букурешт 2015 (International Wine Contest Bucharest 2015 – IWCB) кој се одржа  кон крајот на мај, исто така под покровителство на реномираната Меѓународна организација за лозараство и винарство (OIV). На овој вински натпревар  учествуваа примероци на вино од 27 земји во светот оценувани од судии од Швајцарија, Израел, Молдавија, Италија, Русија, Србија, Австралија, Австрија, Полска, Португалија, Франција, САД.

(Видете ги приказот за ова вино во Најдобрите вина од Македонија)