Вино за јагнешко

Вино за јагнешко

Јагнешкото му доаѓа како задолжително на велигденската трпеза. Виното пак, со јагнешко, оди фантастично. Штета би било за вакво месо да го компонирате со пиво, да речеме. Вакво исклучително месо пак бара и исклучително вино. Не секое вино ќе биде соодветно.
Јагнешкото месо кај нас барем е месо кое (сè уште) се создава на природен начин. Го добивате свежо, не замрзнато, нема сомнителен увоз или сомнително потекло. Затоа, додека е сезоната, уживајте во него.
Јагнешкото е “тешко месо” и затоа бара сериозно вино. Нашите вина од сортата вранец одлично ќе се надополнат. Гастрономските упати исто така велат дека вината од благородните сорти како што е мерлото и каберне совињонот одлично би легнале со благородното месо. Затоа топло ви го препорачуваме Cabernet & merlot , Oak edition на ТИКВЕШ (цената е околу 400 денари). Снажно вино со алкохолност од 14,5 проценти, богато со ароми, одлично ќе се вклопи со аромите на јагнешкото. Добро би било ако јагнето го печете со свеж шпикуван рузмарин и други тревки. Како гарнир најсоодветно е да послужите млади компири испечени во сосот на печеното месо.
(Ако сакате нешто повеќе да дознаете за ова вино, прочитајте во рубриката Најдобрите од МК.)