И французите пијат шприцер

И французите пијат шприцер

Како се прави француски шприцер? Виното се става во чаша, а водата во вазната со цвеќе! Оваа досетка говори за односот на „највинската“ нација во светот кон мешењето на вода и вино.

Но, сепак и Француизите пијат вино со вода. Ова лето за најпопуларен пијалок е прогласен шприцерот Сен Жермен, инаку омилен аперитив на парижаните.
Тоа сепак не е шприцер во смисла на тоа како ние го разбираме. Станува збор повеќе за коктел кој се прави од пенливи вина (најчесто со италијански просеко, но и бели суви вина или шампањско), газирана вода и во него се додава ликер од бозел.