Соте Строганоф

Соте Строганоф

Ова јадење името го добило по еден руски благородник кој се разбира бил и голем гурман. Во разни варијации ова јадење е мошне познато во високата кујна.

Состојки: 600 гр јунешко филе, 150 гр кромид, 150 гр шампињони, 100 гр кисели краставички, 3 лажици масло, сол, свежо сомелен црн пипер, 200 гр јунешка супа, 1 лажичка средно лут сенф, 2 лажици кисела павлака.

Подготовка: измијте го филето под млаз студена вода, избришете го и исушете го со кујнска крпа, исечете го на ленти.

Излупете го кромидот, исчистете ги шампшињоните на ливчиња. Исцедете ги киселите краставички и исечете ги на ленти.

Загрејте ја половината од подготвеното масло во длабока тава. Пропржете ја половината од исечканото месо 2 до 3 минути, од сите страни, потоа посолете, ставет црн пипер, извадете ги од тавата и држете на топло. Останатото месо и масло подгответе го на ист начин.

Исечканиот кромид на ленти заедно со исто така исечканите шампињони и со киселите краставичиња пропржете ги малку во останатото масло, извадете и промешајте ги со месото. Додајте ја супата во останатото масло и варете на силен оган без капак, се додека малку не се свари. Додајте го сенфот и киселата павлака.
Вратете го месото и зеленчукот во сосоот и малку стоплете (без да зоврие). Зачинете додатно по вкус.

Совет: месото кое кратко се пржи, особено сечканото, треба да се зачини после печењето или пржењето, затоа што зачините заради големата топлина ќе изгорат или ќе се стопат и ќе предизвикаат горчлив вкус. Освен тоа солта го извлекува сокот од месото, па станува суво. Месото не треба да се вари во сосот зашто ќе стане тврдо.

(Со ова јадење по правило се сервира варен ориз или некоја тестенина, зеленчук – морков, зелена боранија или брокула.)