Турнедо Росини

Турнедо Росини

Ова се смета за едно од оние ексклузивни јадења. Се разбира дека иницијаторот на ова јадење е прославениот композитор Џоакино Росини кој бил и голем музичар, но и голем гурман.

Состојки (за четворица): 4 парчиња бифтек секое по 150 грам, 4 парчиња свеж џигер од гуска, 1 лажичка масло, 3 супени лажици Порто, сол, црн пипер, 30 гр путер, 1 тартуфа, 4 тркалести парчиња леб.
Подготовка: Исечете ги тартуфот на 8 ливчиња. Половината од путерот загрејте го во еден сад, испржете ги кругчињата леб за да заруменат и ставете ги на кујнска хартија, но на топло.
Во тавата уфрелете го преостанатиот путер и ставете еден од филетите месо. Пржeте 3 минути од секоја страна на силен оган. Тргнете го настрана. Направете го истото со другите филети.
Ставете ги лентите од џигерот во тавата, смалете го огнот, печете 2 минути. Посолете и ставете црн пипер. Ставете ги парчињата леб во загреана чинија, на нив ставајте ги парчињата месо, гарнирајте со џигерот и со ливчиња тартуфи.
Тавата во која сте пржеле загрејте ја на посилен оган, ставете ги во маснотијата трите лажици Порто. Кратко крчкајте и со та посипете го месото со џигер и тартуфи.