Мексикана- салата со сирење и пилешко

Мексикана- салата со сирење и пилешко

Состојки: 450 грама пилешко бело месо, 300 грама овчо полномасно сирење, една лажичка буковец, една лажичка црвена пиперка, половина лажица доматно пире, лажица мајонез, 100 мл јогурт, лажица маслиново масло, лажица сечкан кромид, сечкана црвена и зелена пиперка, 175 грама сварени зрна од пченка, 175 грама сварен ориз.

Подготовка: пилешкото се сече на резанки, се динста на вода и маслиново масло, се цеди и се сместува во сад за салата. Во друг сад се меша мајонезот, јогуртот, зачините, доматното пире и кромидот и оваа смеса се прелива преку пилешките резанки. Се додава пченката и пиперките и се меша додека преливот ги покрие сите состојки. Сварениот ориз се распостила на поголема чинија за служење, а мешавината со пилешко се става во средината. Врз тоа се додава  сирењето сечкано на коцки.

Како додаток послужете зелена салата зачинета со лимунов сок, маслиново масло и зачински билки.