Шатобријан

Шатобријан

Шатобријан е назив за сосема одредено и поосебно парче јунешко месо добиено од делот на филето. Во целото јуне има само 300 до 500 гр месо за Шатобријан, доволен за две три порции. Се разбира рецептот е инспириран од големиот француски писател Шатобријан.

Состојки: шатобријан до 500 грама, сол и црн пипер, масло, лук
Подготовка: парче Шатобријан треба сосема да се исчисти од маснотии , со прсти малку се притиска за да се сплошти и да личи како потсмачкана топка.
Месото се соли и се става црн пипер, се посипува со маслото.
На однапред добро загреана скара се пече од сите страни. Се пече зависно од тоа колку сакате да биде печено(крваво, средно, добро)
Се остава две минути да мирува за да се “смири” сокот во него, а потоа се става парче путер кој треба да се растопи. Се реже на шницли на самата маса пред служењето.
Ако месото се пржи тогаш се пржи од секоја старна 10 до 13 минути.
Има разни варијанти на Шатобријан, со сос од зелен пипер, на пример и со други посебни сосови.