Шпагети со песто џеновезе

Шпагети со песто џеновезе

Донесете го мирисот на Медитеранот во вашата кујна. Врвен италијански сос за шпагети. Воопшто песто сосовите се нешто што даваат посебност за тестенините, но и за други јадења.

Состојки: 400 гр шпагети, 20 гр путер. За сосот: 30-40 гр свеж босилек, 40 гр грав (големо зрно), 40 гр рендан пекорино, 40 гр рендан пармезан, 3 чешниња лук, 100 мл маслиново масло, сол.

Подготовка: Сварете ги шпагетите во солена вода и исцедете ги. Околу 100 мл од водата оставете ја настрана.

Во сечкалка (кујнски процесор) ставете го босилекот, сварените гравчиња, сирењата и околу 50 гр маслиново масло. Иситнете ги па потоа додајте го останатото масло, сол и се заедно уште еднаш изматете добро.Вака подготвеното песто ставете го во порцeлански сад.

Во широко тавче стопете го путерот, додајте две до три лажици од песто сосот и се заедно кратко измешајте. Додајте ги сварените шпагети и водата која ја сочувавте од варењето.

Шпагетите се служат топли. Измешајте ги добро со сосот и посипете со изрендан пармезан.

Напомена: песто џеновезе можете да го подготвите во поголема количина. Во фрижидер може да стои околу 2 седмици, а се користи и за њоки и за други тестенини.