Наполитански макарони

Наполитански макарони

За ова јaдење треба да потрошите малку повеќе време. Но, вреди да го испробате зашто се работи за извонредно јадење, а трудот ќе ви се исплати

Потребни состојки: 1 лажица суво грозје/ 50 гр масна варена шунка/ 30 гр сланина/ 1 чешне лук/ 1 лажица исечкан магдонос/ 1 лажица исчистени писташи/ сол/ бибер/ 400 гр јунешко за динстање-цело парче/ 1 мала главица кромид/ 500 гр сечкани домати од конзерва/ 2 свежи домати/ 500 гр крупни макарони/ 50 гр рендан пармезан.

Подготовка: Сувото грозје се става во млака вода за да омекне. Се остава до употребата.Се меле шунката, половина од сланината и лукчето. Се става во сад заедно со исечканиот магдонос, писташите и исцеденото суво грозје.Се посолува, се става биберот и сé добро се меша за да се добие компактна маса.

Со остар нож се прават неколку зарежувања во месото. Треба да бидат длабоки и да личат на џебови). Се полнат со смесата. Месото се обвиткува со конец.Се сечка и кромидот и остатокот на сланината. Заедно со јунешкото се става во претис лонец и се остава да се вари околу 15 минути, сметајќи од моментот кога лонецот почнува да пишти.Доматите од конзервата се цедат и се мелат заедно со свежите. Се додаваат врз месото во лонецот. Се става вода колку да се прекрие месото. Се готви уште 45 минути.
Половина час пред да заврши работата на претис лонецот ставете ги макароните да се варат.
Кога месото се смекнува се вади од лонецот, се сече на кришки, се реди во средината на голема подлабока чинија (или пак во поситни парчиња помешани со макароните). Исцедените макарони се мешаат со сокот од зготвеното месо, а потоа се редат околу месото (или се мешаат со него). Се посолува со пармезанот и се служи веднаш.