Шпагети карбонара

Шпагети карбонара

Сосот карбонара е еден од најкомплицираните италијански сосови за шпагети. Но го има и во инстант кесички. Не е тешко да се подготви за дваесеттинна минути

Потребни состојки: 400 гр шпагети/ 20 гр путер/ 20 гр панцета/ една кесичка мешавина за карбонара од 65 грама/ 400 гр млеко/ 200 мл павлака за готвење

Подготовка: Шпагетите се варат и се цедат.

На путерот се пропржува панцетата исечена на коцки.Содржината на кесичката за сосот се разматува во мешавината од млекото и павлаката, се прелива пропржената панцета и се пушта да зоврие.
Сосот се вари на тивок оган 3 минути, а потоа се прелива врз шпагетите.
Се служи веднаш топло и по желба со рендан пармезан.
Шпагетите не се задолжителни, секоја паста оди со овој сос.