Пиевме за вас стара сорта, модерно вино

Пиевме за вас стара сорта, модерно вино

(Винарница ТИКВЕШ, Viognier, special selection, берба 2016, алкохолност 14%, 369 денари)

Еден од предизвиците на модерната енологија е и постојаната потрага и обновување на заборавените вински сорти. Овојпат ТИКВЕШ нè изненадува со едно ново бело вино од сортата вионие (точниот изговор е виоњие), во гамата на веќе потврдената линија спешл селекшн(special selection). Новото вино е логична надополна на стилската винска линија на ТИКВЕШ – полни, особено ароматични, респектибилно снажни и богати вина.

Надопополната со ова моше специјална сорта е полн погодок соглaсно трендот коj постои за ваквите вина.

Се работи за една многу стара сорта, по потекло од Кот ди Рон(јужниот дел на Бургундија), еден од најзначајните вински региони на Франција. Вионие (виоњие) е сорта која била позната и утврдена уште во римско време, а легендата оди и понатаму и вели дека оригинерно потеклото на вионие (виоњие) е од Далмација, а стигнала во Галија по заслуга на императорот Пробус кој живеел во третиот век, а по потеклое бил од Бачка.

Со време, особено по филоксерата во почетокот на 20 век, сортата практично се губи. Во 1965 година била регистрирана само на 8 хектари и се правеле едвај 1900 литри вино. Интересот за оваа сорта рапидно пораснал, за денес да биде присутна на пет континенти, а од неа да се прават извонредни вина.

На што се должи оваа популарност? Пред сè на извонредно богатите ароматски особености на вионие (виоњие). Вината добиени од оваа сорта даваат префинети вина со извонредни бројни ароми и вкусови. Особено задоволство за винопијците е да ги пронајдат изразитите цветни и овошни ароми на манго, портокал, праска, кајсија, бело чоколадо, кокос, тутун и ванила (во случајов на тиквешкото вионие заради шестмесечното одлежување во дабови буриња). Ќе го почувствувате и вкусот на препечен леб и богата композиција на разни минерали. Сè тоа први една фина композиција и баланс.

Ова е од оние вина на кое можете да му се радувате и како аперитив, а оди перфектно и со речни риби, со пастрмка особено, со сите морски плодови. Со нашите сирења се компонира одлично, особено ако не се многу солени. Посебно се препорачува со козјо сирење. Оваа сорта е една од ретките која се компонира со источните кујни како тајландската или виетнамската, кои по правило се тешки за спојување со вино. Го пијат и со суши, наместо саке.

Пијте го оладено на 12 степени и вниимавајте , не го оставајте отворено, сортата е подложна на брза оксидација.

И побрзајте, ова е ретка прилика, зашто се работи за ограничена серија, бидејќи станува збор за првиот род од насадите во подножјето на Бабуна. Првичните оценки велат декa има голем потенцијал на нашава почва и клима.
Александар Шољаковски