Летна винска шема

Летна винска шема

Алкохолот на овие жештини тешко се поднесува. Дури и пивото кое се смета за освежително(!?). Но жештните не се причина да се откажете од својот пијалок.

Познавачите неподелено сметаат дека розе виното е вино за лето. Но, не секое розе. Посилните, поизразените, постарите, не се препорачуваат. Одберете свежо суво розе и разладете го на 8 до десет степени. Освежувањето следи.

Црвените вина можат да бидат исто така освежителни. Секако не оние амбициозните со висок степен на алкохол како што се прават во последно време. Вино од сортата пино нуар до највеќе 12 степени алкохолност , разладаено на температура од 12 до 14 степени и на лето е мошне успешен пијалок. Избегнувајте ги сортите и вината кои содржат повеќе танини.

Белите вина за лето се разладуваат помеѓу 8 и 12 степени и така се навистина освежувачки. Шардоне, совињон блан, темјаника се извонредни летни освежувачи. Особено ако се искомбинираат со добра и лесна летна храна.

Сепак, вистинско освежување ќе постигнете со пенливите вина. Шампањско, просеко, сфуманте се летни вина. За лето најдобро прилегаат сувите пенливи. Послатките се потешки. Пенливите вина не губат скоро ништо и ако се разладени на 6 степени.
Напомена: пијте умерено!