Вински иновации-ПЛУТА VS МЕТАЛ

Вински иновации-ПЛУТА VS МЕТАЛ

Битката помеѓу ПЛОПП и КВРЦЦ

Иако се чини статично, винското производството и она што го следи постојано се менува. И не само како содржина туку и во формата во која се претставува.ж

Неколку века се чинеше незаменлива и идеална плутената тапа. Таа сега добива силна конкуренција во металната капсула со навртка. Сé повеќ’ производители ја напупштаат конзервативната позиција за незаменливоста на плутата и се определуваат за практичната капсула која покажува несомнени предности.

На винските блогови се води своевидна вербална војна за предностите на едното или другото решение. Плутената таапа е критикувана како застарена непрактична, создава многу проблеми дури се обвинува дека ги расипува вината, дека со плутата вината побргу оксидираат. Освен тоа се мачите со отворачот, тапата ако е сува може и да се распадне, зрнцата да останат во виното, а тие не се многу пријатни при пиењето. Освен тоа, кога еднаш ќе ја извадите тапата таа тешко се враќа назад, па морате да се снаоѓате со разни затворачи.

За капсулата нема некои големи и суштински обвинувања, а предностите се бројни. Таа е дефинитивно практична. Прво, за неа не ви треба отворач и не морате да се мачите при отворањето. После отворањето повторно го затворате шишето, безмалку херметички, па така остатокот од виното подолго се зачувува од расипување. Капсулата е стерилна, нема бактерии и не може да делува на виното.

Оние пак, кои ги истакнуваат особините на плутениот затворач, велат дека тој е незаменлив кај вината кои треба да доживеат долг век, односно вина кои низ годините се развиваат и добиваат на квалитет. А плутата, се вели, обезбедува една фина врска на виното со надворешниот свет и е неопходен во перфекционирањето на виното. Низ плутениот затворач поминува малку воздух, неопходен за да се развие виното и да доживе добра и квалитетна старост.

Но и оваа теза се побива од заговорниците на капсулата. Направени се експерименти со исти квалитетни вина, од ист род и со иста елаборација. Едните биле затвореи со плутена тапа, другите со метална капсула. Резултатот е безмалку нерешен – виното или било исто и во двете шишиња или пак, во одредени случаи она кое било затворено со плута започнало да опаѓа, да се расипува и да оксидира.

Еден од најважните аргументи на заговорнициоте на традиционалниот затворач од плута е дека само тој може при отворањето да го произведе оној заносен звук ПЛОПП. Притоа оние кои ја претпочитаат капсулата велат дека и она КВРЦЦ при отворањето може да биде исто толку занесно.

Како и да е новите времиња носат нови решенија, нови обичаи и навики. Затоа и капсулите стануваат се почесто решение за винарите. А младите генерации вински фанови ја прифаќаат капсулата и ја сметаат како придобивка на новото време.kapsula