Советува: д-р Радмила Димовска PhD од КРУНА МС

Советува: д-р Радмила Димовска PhD од КРУНА МС

Здрави и бели заби во Новогодишната ноќ

Никогаш немојте да ги миете забите по пиењето вино. Виното само по себе нема да ги оштети забите, поточно емајлот на забите, но присуството на алкохол ќе предизвика нејзино размекнување. Користењето на четка за миење заби веднаш по консумирањето вино лесно може да придонесе за оштетување на емајлот што пак доведува до чувствителност на забите. Ако сакате да имате кристално бели заби, консумирајте помалку црвено вино. Пребојувањето на забите е предизвикано од обоените молекули познати како танини кои се абсобирани од површината на емајлот.

Но сепак, црвеното вино не треба да се одбегнува и еве зошто:

• Истражувањата покажуваат дека пиењето црвено вино е здраво за забите и грлото.
• Според некои нови студии, состојките на црвеното и белото вино познати како polyphenoli ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат воспаление на непцата
• Неколку научни студии потврдуваат дека виното го намалува ldl холестерол ( лошиот холестерол ), а го покачува добриот hdl холестерол.
• Пиењето една чаша вино дневно штити од настинка

Виното содржи голем број биолошки активни компоненти кои се добри за нашето здравје. Докажано е дека виното активно се бори против оралните бактериите streptococci and s. Pyogenes .

Затоа подигнете ја чашата добро вино и наздравете за доброто орално здравје. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА