Винска етикеција

Винска етикеција

Како да одберете вино?

Ова е едно од најважните прашања во оние кои сакаат од виното да направат нешто повеќе. Притоа, слушајте и читајте што ви препорачуваат познавачите, но на крајот секогаш послушајте го вашиот резон.

Започнете со размислувањето за тоа како да одберете вино кое ви одговара пред се вам на вашите пријатели, на природата на вашиот социјален живот, па ако сакате и на карактерот и животните навики. Од тие размислувања мора да произлезе добро или барем задоволително решение.

Но, внимавајте – виното е секогаш во тесна, во најтесна врска со јадењето. Тој “брак” е нераскинлив. А изборот на виното, пак, кое ќе се послужи со јадењето, е зависно од изборот на јадењата кои се послужуваат. Или обратно кажано – менито треба да е во функција на вината кои имате намера да ги послужите. Ова изгледа малку замрсено, но ќе ви станува јасно кога ќе почнете да размислувате за тоа.

Лимитирајте го бројот на вината кои се служат за време на еден оброк. Подобро е да послужите две-три вина добро избрани, отколку четири, пет, шест, на пример, само затоа да ги има што повеќе.

Дамите избираат подобро

Иако најчесто мажите се тие кои избираат вино, никако не треба да се занемари женскиот дел, зашто тие, тоа е докажано,имаат и почувствителен нос и непце.

Има и други причини зошто е добро изборот на вино да им се препушти на жените. Прво, затоа што тие се најчесто организатори на оборците, имаат увид во редоследот на служењето на јадењата и тоа е докажано имаат по правило подобро чувство за мирис и почувствителни непца. Меѓу најдобрите сомелијеа на светот има многу жени.

Освен тоа жените сакаат квалитетно вино. Едно од објснувањата е дека тие пијат помалку, па затоа и сакаат да пијат подобро. Затоа треба да знаат некои основни правила за избор. Ако веќе жените главно го прават изборот на јадења, тогаш и виното треба да им се остави ним.