Македонија станува регионален  фактор во врвното винарство

Македонија станува регионален фактор во врвното винарство

По успехот на вината на ТИКВЕШ на натпреварот МУНДУС ВИНИ

Македонија станува регионален  фактор во врвното винарство

Годинава на светскиот Вински натпревар МУНДУС ВИНИ во Германија , македонските винари се закитија со вредни медали. Златни медали освоија  Тиквеш  и  Шато Камник. ТИКВЕШ беше награден за  Шардоне од Доменот Лепово (берба 2015) , Грнд ќуве Домен Лепово (2013)и Каберне фран Спешл селекшн (2015), а Камник за Тен Барелс Сира Ресерва

Има многу вински натпревари во светот, но само малку од нив се сметаат за сигурен и опстоен патоказ во  вреднувањето на вината. МУНДУС ВИНИ со две дегустации (пролетна и есенска) кои секоја година се одржуваат во Германија (Диселдорф)  е еден од најголемите и секако во врвот на значајноста  на винските натпревари. Овој натпревар е  покренат во 2001 година и денес се снмета  за еден од најрелевантните во светот. Дури и  по 6000  вина влегуваат во натперварот за златни и сребрени медали. Македонските вина  и изминатите години значајно се котираа освојувајќи повеќе медали .

Но годинава  забележит е успехот на ТИКВЕШ  кој доби дури 5 медали (три златни и две сребрени).  Златни медали освоија Домен Лепово Шардоне (2015) од Домен Лепово Гранд ќуве (2013) и Каберне фран Special Selection (2015). Темјаника Special Selection 2015 и  Александрија ќуве, розе 2015 добија сребрени медали. Меѓународното жири составено од 160 судии-дегустатори од 36 земји, оценуваа околу 6000 вина.

Интересно  е дека  годинава на пролетната дегустација (постои и есенска) ниедно вино од регионот  не забележа успех. Немаше наградени вина. Само три хрватски вина освоија сребрени медали  и едно од Србија, додека вината од  Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ова година  останаа без одличја.