Интензивни вложувања во модернизација и производство на врвни вина

Интензивни вложувања во модернизација и производство на врвни вина

Оптимистички најави нa ТИКВЕШ за 2016-та година

Не случајно Винарската визба ТИКВЕШ е водечка  во земјава и на Балканот. Тоа го поткрепува и изјавата на генералниот директор на ТИКВЕШ Игор Илиевски по повод сребата во винарницата на 10 феверуари годинава. Во текот на оваа година винарската визба „Тиквеш“ ќе вложи дополнителни 670 илјади евра во најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното. Со тоа всушност продолжува интензивниот инвестициски циклус за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни вина во ВВ „Тиквеш“, кој во периодот од 2013-та до 2016-та година ќе достигне вредност од близу 4 милиони евра. Со најновите вложувања, вкупните инвестиции на ВВ „Тиквеш“ во последната деценија, надминаа 30 милиони евра.

„Обемот, темпото и структурата на нашите вложувања во изминатите години му овозможија на „Тиквеш“ да го достигне и одржи посакуваното високо ниво на квалитет на вината од своето целокупно портфолио. Најновите инвестиции во најсовремена технологија и опрема за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, дополнително придонесуваат за натамошно зголемување на нашите капацитети за производство на вина со премиум квалитет. Уверени сме дека на ваков начин се зголемува додадената вредност на нашите вина, со што се зајакнува нивната позиција“, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Тргнувајќи од своите стратешки развојни цели, ВВ „Тиквеш“, во последните три години, дополнително инвестираше и во подигнување нови насади со грозје, набавка на нови танкови, специјални бочви за одлежување на виното, осовременување на линијата за полнење и пакување на виното, но и во најнова лабораториска опрема за контрола на квалитетот.

Дополнително, во текот на оваа година ќе бидат вложени и значителни финансиски средства за натамошно унапредување на техничките услови, како и во технологии за искористување на отпадот што настанува при преработка на грозјето како суровина за производство на енергија, со што ВВ „Тиквеш“ ќе ја потврди својата определба за натамошно зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.