За виното и уметноста

За виното и уметноста

Виното и уметноста одат рака под рака. И така е веќе со милениуми. Виното било инспирација за творците, од антиката до наши дни. Бројни дела се созадавани  во слава на виното и под негова инспирација. Преку опевањето на виното, во песна, збор, слика, музика, се создадени многу дела кои остануваат наследство на човештвото. Во овие дела се славел животот, природата, љубовта, среќата . Но и тагата и болката. Затоа виното и уметноста остануваат неразделни.

Не случајно во светот е апсолвирано дека и создавањето на виното е своевидна уметност , креација комплементарна со другите уметности. Денес во светот постојат познати винарници на големи вински брендови, каде што се покануваат познати уметници од цел свет,  да претстојуваат и да создаваат музички, ликовни или литертурни дела. За многу уметнички награди, главни спонзори и донатори се познати вински куќи. Веќе одамна винарници од светски калибар создаваат свои уметнички колекции. И самите винарници честопати ги уредуваат позанти архитекти,  естети и уметнички креатори.

Наоѓајќи подлога во оваа  неразделност нашата најголема винарница ТИКВЕШ од Кавадарци во својата долга историја била водена и поттикната во учеството и помагањето на низа културни настани, манифестации на творештвото воопшто. ТИКВЕШ се јавува како спонзор и покровител на  низа настани кај нас и во регионот – музички фестивали, поетски средби, сликарски колонии. Да споменеме само дело од нив: Охридско лето, Скопскиот џез фестивал,Фестивалот на филмска камера Манаки, Скопскиот филмски фестивал, како и многубројните претставуцања на македонски уметници  во земјата и странство.

Спојот, пак, на виното и поезијата е особено амблематичен –  Струшките вечери на позијата и ТИКВЕШ се поврзани веќе долго време.
Уште во седумдесеттите години на минатиот век, ТИКВЕШ  го создава виното Т´га за југ, според насловот на извонредната елегија на македонскиот поет Константин Миладинов, напишана во 19 век. Виното долги години беше ексклузивмо создавано само за гостите  на Струшките вечери на поезијата. Подоцна ова вино станува бренд кој ќе ги освои  срцата на многу домашни и старнски љубители на  вино и ќе доживее слава достојна на поводот и инспирацијата.

Во чест на виното на Струшките вечери, под инспирацијата на извонредната
Т´га за југ низ годините  поетите-гости пишуваа песни за виното, за Струга, за Езерото. Некои од овие песни се поместени во специјално издание кое останува како сведоштво за спојот на виното, песната, уметноста…

Денес на 55 годишнината од  постоењето на светската поетска манифестација (СВП), ТИКВЕШ се јавува како покровител со иницирање на нов циклус на соработка.  Поетите, гости на Струшките вечери на поезијата , оваа година, уживајќи во врвнитe вина на ТИКВЕШ ќе се инспирираат и ќе пишуваат  песни за виното, во рамките на Invinoveritas–  сегмент на фестивалот што е показател за нераздвојноста на уметноста и виното.