Најголемиот имот во Божоле менува сопственик после 350 години

Најголемиот имот во Божоле менува сопственик после 350 години

Најголемиот посед во познатата во француска винска област Божоле, после три и пол века го менува сопственикот. Се работи за доменот Де Ла Шез од 99 хектари под лозја, во регионот Бруи, а се претпоставува дека вкупната трансакција е помеѓу 15 и 30 милиони евра. Но, целата инвестиција ќе биде многу поголема заради инвестициите кои се предвидуваат во насока на претворање на лозјата во био домен.
Првиот сопственик бил лионскиот судија де ла Шез во 1670 година, а доменот до денес бил во сопственост на семејството. Сегашните сопственици се познатата фамилија Груи која заработила во градежништвото и инфраструктурата. Новиот сопственик го смета овој домен за еден од најубавите од тој вид во светот. Особено заради замокот со градина која е проектирана од истиот градинар и архитектот кои ги создале парковите околу Версајската палата.
Во Божоле цената на еден хектар лозје се движи од 65.000 до 75.000 евра.