САД најголем потрошувач на вино

САД најголем потрошувач на вино

Знаете ли кој е најголемиот пазар на вино во светот. То не е ни Франција ни Италија ниту пак Германија или како што често се мисли – Кина. Најголеми винопијачи во тотал се Американците. На пазарот во САД се вртат 34 милијарди долари од вкупно 224 милијарди на светскиот вински пазар.

Ова се должи на огромниот интерес за виното во САД кое ја става оваа земја на прво место. Но , така е тоа веќе 24 години со тенденција за значаен раст и во иднина. Притоа по глава на жител „паѓаат“ 12 литри , за разлика од Франција и Италија каде што секој жител годишно испива по преку 50 литри.

Само годинава потрошувачката на пенливи вина во САД би требала да порасне за 6 проценти за разлика од останатиот свет каде што растот е околу 2 проценти. Американците  водат и во делот на „премиум“ вината , па така се предвидува таа потрошувачка во наредните пет години да расте со стапка од  5 насто или кај „супер премиум“, односно најскапите, со 7 проценти.