Нема брегзит за шампањот

Нема брегзит за шампањот

Во Велика Британија шапањското е пијалок кој има постојано голема популарност. И таа постојано расте. Нема врска ни брегзитот , тоа кај шампањското воопшто не се чувствува. Британија и натаму од Франција увезува околу 35 милиони литри шампањско. А да не зборуваме за другите пенливи вина. Ако оваа бројка се помножи со високата цена на шампањското, сумите се навистина астрономски.
Британскиот пазар на вино е еден од најбрзорастечките. И во време на криза Британците купувале многу вино. Оосбено шампањско. Пенливите вина станале дел од секојдневието. Шампањското во Британија се пие уште од појадокот. Во полуксузните продавници за храна стана вообичено да има мини бар каде што се служат на пример три или шест школки каменици со чаша шампањско. Ова за многумина , особено од бизнис светот е замена за појадокот. Шапанското се служи и во време на чајот во 5. Сметаат дека одлично оди со нивните мали сендвичи и со слатките печива.
Уште од 18 век кралевите и кралиците на Велика Британија по правило сакаат шампањско. Кралицата Викторија била голем фан на шампањското. И актуелната Елизабета важи за обожувач на шампањското. Таа дури на еден свој имот каде што има лозови насади прави пенливо вино!
Шампањското и во време на најголеми непријателства меѓу двете земји , а низ историјата биле бројни, стигнувало на Островот.
Шампањското во Британија е задолжителен придружник на сите пригодни и пријатни моменти. Тоа се служи и на тенискиот турнир во Вимблдон, на натпреварите во крикет, пред, за време и после оперските претстави во најпознатите лондонски оперски куќи. И што е најважно – секогаш на потребната темпертура. Тука Британците се беспрекорно точни.