Шампањско од Англија!

Шампањско од Англија!

Светот се менува или климатските промени си го прават своето?

Како и да е нешто што до пред некоја деценија беше незамисливо сега веќе се реализира. Англија и Велика британија заради климатските услови не беше простор на кој се одгледува виниовара лоза, иако Британците важат за  извонредни љубители на вино. Ситуацијата се менува и сега француски фирми  од Шамопања вложуваат  во Англија во нови насади и винарници.

Познатиот Производител од Шампања Tatinger (на француски се изговара како Татенже) создаде насади на пино нуар и шардоне во областа Кент во Англија. За седум осум години лозјата би требало да даваат околу 300.000 шишиња англиско шампањско.

Интересот за шампањското постојано расте. Франција произведува преку 300 милиони шишиња годишно, а половинатa од тоа го троши дома. Вредноста на ова шампањско производство е блиску до пет милијарди евра.