Време е за пенливците

Време е за пенливците

ПРАЗНИЧНО ВИНО ЗА РАДОСТ
Празниците кои доаѓаат се време за шампањско, односно за оние пенливи вина со фасцинантни меурчиња. шамњското се пие, се обожува, се воспевува… за него пишувале и зборувале многу големи имиња на литературата и уметноста

Којзнае колку шишиња пенливо вино „ќе пукнат“ околу Нова Година и Божиќ? Секако многу и буквално во сите краишта на светот. Некој од мода , некој од желбата да се одбележи нешто ново, некоја нова надеж, очекување.
И кога не зборуваме за празниците, без присуството на пенливото вино не може да се замисли ниту бракот, па ни вонбрачната заедница, ниту работно унапредување, годишнини, средби после подолго време, одење во пензија.
За матура? Шампањско! Конечно возачка дозвола? Шампањско! Си станал полнолетен? Шампањско! Сте отишле да се сексате? Шампањско! Сакате да се сексате? Шампањско! Сте се сексале? Шампањско! Си добил постојана работа? Шампањско! Трудна си? Шампањско! Се родило дете ? Шампањско!

Само мал дел од оние кои уживаат во пенливите вина ќе можат да си дозволат вистинско шампањско, од Шампања. Ова име можат да го носат само вината произведени во една релативно мала винска регија во близината на Париз. Вкупното производство на регионот изнесува околу петстотини милиони литри. Но, кога се знае колкава е побарувачката, тогаш станува збор за ексклузивно вино. Но тоа е поимот кој стана општа придобивка на човештвото. Меѓуто постојат и многу други пенливци кои го заслужуваат реномето на празнични и добри вина без разлика на името. Тука се италијанските просеко, сфуманте, шпанското кава и други француски пенливи вина како кларет, бланкет де Лиму, креман, американските пенливци од Калифорнија и на нашиве простори Бакарска водица или Фрушкогорски бисер, Ергион на Тиквеш…

За на најдобар начин да се проценат истенчените ароми на шампањското и пенливите вина, тие треба да се пробаат на „гладно срце“, или пак претходно добро да се прочистат непцата. Затоа пенливците веќе и престанаа да се пијат само со десертот и тие се наметнаа како аперитив. Без оптоварувања, спретно, со леснотијата на своите меурчиња, ги буди и носот и устата. Неговото свежо, реско и лесно вовлекување дарува живо задоволство кое повикува и ве подготвува за други задоволства. Тоа не значи дека треба да се отфрлат другите аперитиви како што се белото вино, порто, вермутот, природните меки вина, коктелите и така натаму – секому неговата слобода како да го почне јадењето- но секогаш се чинело дека добриот пенливец најдобро го отвора грлото.
Цел оброк со шампанско? Очигледно дека тоа и не е лошо, но тоа би било на штета на добрите бели и црвени и поизразито сложување со јадењата и со присуство во устата на нешто што е поавторитативно и од шампањското, особено ако она што се јаде емитира моќни вкусови.
Волшебно вино, благотворен пијалок кој носи среќа, шампањското ги следи сите важни етапи и главните животни случувања. Затоа што искри, врие, се пени, затоа што веселото вино традиционално се врзува за исполнувања на желбите и за успеси, за победи и за потфати. Автомобилистите и моторциклистите, учесницте на трките, кои со него се прскааат на победничките тронови, како и фудбалерите во соблекувалните, создаваат за шампанското слика која е повеќе бучна отколку гурманска. А сепак се чини дека е тоа сјајно за репутацијата на шампањското, кое со тоа се врзува и со младешкото расположение и со шампионската слава. Веќе одамна шише шампањско се жртвува со кршење на трупот на новите бродови. Кога парабродите го поминувале Екваторот, шампањското се леело по брановите.

Како и да е, сега е времето за овој пијалок . Тој се сложува скоро со сите јадења. Пробајте го пенливецот и со нашата сарма! А оди одлично со ладно свинско печено. За сложувањњето со сирењето да не зборуваме. Перфектно е со чаден лосос на кој исто така му е времето.

Пeнливите вина се пијат добро разладени, се отвораат непосредно пред служење. За „да пукне“ задолжително, иако еден дел ќе ви отиде за џабе.