Кинезите го купуваат Бордо

Кинезите го купуваат Бордо

Стотина виноградарски имоти во најпознатата винска област на светот се купени од кинески инвеститори. Ова е индикативно но не и алармантно, зашто се работи за  мал дел од 7.000 имоти во Бордо.

Купопродажбата на имотите е постојан процес и во просек секоја година стотина имоти се огалсуваат за продажба. Но видлив е интересот на Кинезите кои првиот имот го презеле во 2008 година а оттогаш наваму темпото се засилува поа така тие станаа најголеми поседници после Французите.  Во Франција не се загрижени однастапот на кинескиот капитал. Дури сметаат дека овие процеси го унапредуваат винското производство и сите се доста среќни затоа што со побарувачката се зголемува вредноста на имотите и се потврдува доминацијата на областа во светски рамки. Всушност Бордо низ вековите  се издигнал на врвот на винарството претежно со старнски вложувања најпрво од Англи;аните, потоа и од Белгијанците, Холанѓаните, Јапоците…

Цените на имотите воопшто не се мали зашто во Бордо еден хектар може да чини и до два милиони евра. Цените на откупените винарници и имоти се движат во распон од  5 до 15 милиони евра. Се смета дека Кинезите на овој начин добиваат подобри профити при извозот во Кина  каде што лудуваат по бордо вината. Освен тоа велат дека богатите Кинези се одушевени од архитектурата на овие шатоа кои ретко се замоци, а повеќето се господски вили од минатото.