Пилешко- бириани

Пилешко- бириани

Промената во исхраната е добра работа. Еве ви веднаш да пробате јадење со зачинот ѓумбир

Состојки: Половина кг пилешко филе и копани / 2 лажици масло или путер/ 2 главици кромид исечени на резанки/ 250 гр ориз (по можност басамати)/ 3 листа ловор/
Состојки за маринирање: 3 чаши јогурт/ 1 лажица исечкан ѓумбир/ 2 поголеми главици ситно сечкан кромид/ 3 исечкани чешниња лук/ 4-5 лажички кари.

Подготовка: Измешајте ги состојките за маринирање. Вмешајте ги парчињата пилешко во маринадата, поклопете. Маринирајте во фрижидер најмалку 4 часа.
Загрејте ја рерната на 190 степени. Испржете го кромидот на маслото или путерот додека добие златножолта боја. Еден дел одвојте за декорација.

Ставете го пилешкото на пржениот кромид, пуштете да почне да се крчка на многу тивок оган . Гответе уште 15 минути.

Варете го оризот во вода околу 7 минути. Потоа исцедете ја водата. Ставете пола од оризот на лесно подмачкан сад за печење. Измешајте го приготвеното пилешко со преостанатата маринада, па прелијте ја добиената смеша врз оризот. Прекријте со преостанатиот ориз, со тоа што лесно ќе го стиснете оризот на смесата од пилешкото и маринадата. Ставете ловоров лист. Поклопете го садот за печење и печете околу 25 мин., додека омекне оризот. Сервирајте на топла чинија. Можете да украсите со остаток од пржениот кромид, со варени јајца…