СИНО ВИНО – НОВА МОДА

СИНО ВИНО – НОВА МОДА

Синото е во мода, но не како дел од гардероба, туку како – вино! Знаеме за бело црвено, розе,  има и портокалово вино и жолто, но сино тоа досега немаше.  Сега има и се работи за  органско сино вино. Во барањето пат до  нови потрошувачи шпанската  винарница од Баскија,  Гик, прави своевидна револуција и удира точно на  оние потрошувачи кои сакаат нешто ново, нешто поинтресно, неконвенционално или на новиот речник – нешто кул.

Ова сино вино е измислица на неколку хемиски инженери од универзитет во Баскија успеале да изработат сино вино кое и покрај бојата не е вештачко или крстено, што би рекле кај нас. Имено, се работи за мошне  добро изработено вино од  француски и шпански винарници, од бело и црно грозје, а бојата доаѓа од антоцијанинот, пигмент кој се наоѓа во грозјето, односно боја позната како индиготин, која ја има и во други билки. Е токму тој пигмент  инженерите успеале да го направат доминантен.

Оценките кои ги добива ова сино вино  велат дека се работи за овошкасто, малку сладникаво вино. Има 11,5 проценти алкохол. Производителите порачуваат дека се работи за иновација и креација и како таква може да биде доживување и да заборавите на сите традиционални поими за виното.

 По се судејќи работата е погодена зашто во првата година веднаш се продадени  30.000 шишиња во втората  половина милион!