Вински региони – Тоскана

Вински региони – Тоскана

Центар на добрата храна и вино

Во Тоскана, централниот дел на Италија е сконцентрирано неверојатно богатство. Тука има историја и историски споменици, прекрасни насади лозја, светско вино и една од најдобрите кујни на светот

Ако избирате нешто што би било особено, нешто посебно, каде што сите сетила  можат да ви работат со полн интензитет, тоа е секако Тоскана, област во Италија каде што се слеале сите дарби и плодови што можат да се замислат. Во винска и кулинарска смисла, Тоскана е веројатно најбогатото подрачје во светот. Тука, покрај кривата кула во Пиза может да  ја видите единестевната Фиренца, делата на Микеланџело и да пробате навистина ретко добри вина.

Не се знае  што е првото кое ја направило Тоскана мека на сладокусците, но сеедно, кога се зборува и за храната и за виното,  Тоскана е нешто посебно.

Ова е само мал дел од вината на Тоскана:

Кјанти. На времето пред три четириесет години ова беше нешто како  добро трпезно и народно вино, за подоцна да стане  вино со највисоки дострели. Има седум региони  во тосканската област Кјанти кои прозиведуваат вино под ова име. Најпознатата област е онаа во која се прави Кајнти класико и е срцето на Кјанти областа. Овде не боледуваат од вообразеност, ова вино е и најдостапното и го има низ цел свет. Веднаш до оваа обалст е и Кјанти руфина. Вината од Кјанти се  разликуваат од регион до регион особено по стилот и начинот на кој се одлежани. Оние со ознака ризерва се вина одгледани во француски буриња и се пуштаат на пазар после најмалку две или повеќе години од бербата.

Вината од Кјанти немаат единствена база. Тие се разликуваат и по тоа од кои сорти грозје се направени. Најважната е сортата „санџовезе која во некоја рака има допирни точки со нашиот „вранец“.

Кјанти е изразито суво вино, одлично оди со многу видови храна. Кај него се посебно ценети аромите од цреши, малини и вишни. Подобрите вина можат да се чуваат и десеттина години после бербата. Има барем 40 – 50 добри производители на кјанти од неколкуте илјади винарници во Тоскана. И да не се збуните, нема бело вино со името кјанти.

Брунело ди Монталчино. Тоскана не би била тоа што е ако нема таква разновидност, па да ви биде неопходен посебен водич. Под областа Кјанти се наоѓа градот Брунело ди Монталчино според кој вината од тоа опкружување го носат името. Тука вино почнало да се прави малку доцна, дури во 19 век и било локално вино се до пред четириесеттина години. Виното во Монталчино исто така се добива од сортата „санџовезе“, како и виното Кјанти, но се работи за посебен клон. Виното од Брунело ди Монталчино е силно вино, танинско. Одлежувањето кај ова вино е неопходно и може да отстои и по  дваесеттина години. Всушност и успехот на вината од Брунело ди Момталчино започнува од моментот кога  едно семејство, производители на вино  во седумдесеттите, ја извадило својата винска архива на суд на јавноста. Во седумдесеттите вината од 1888 година се уште биле питки! После повеќе од 80 години! Сега цената на овие вина се качува и до сто евра за шише.

Тоскана не би била Тоскана ако се задоволи со два извонредни реони. Тука се и  „вино нобиледи Монтепулчано и Кармињано, како и „вернјачади Сан Димињано.

Италијаните се познати и по  експериментирањето со сортите, па така овие вина се добиени од сорти блиски до сортата „санџовезе“, но со посебности кои ги издвојуваат. Тоа се соратта „пруњоло џентиле“, но и „каберне совињонот“ кој се смета за сорта соодветна на овие региони.

Интересно е дека Италија со долгата традиција која ја има во производството на вино, дури пред  40-50 години се пробива во врвот на винското производство, во време кога се засилува туризмот и кога започнуваат виното да го третираат како софистициран производ, а не како традиционален производ и обична храна. Денес Италија го дели првото место во светот по производство на вино со Франција.

Како резултат на тоа во Тоскана постои цела низа врвни вина , неверојатно успешни асамблажи. Заедничко на сите им е тоа што се добри и скапи! Освен  тоа што се разновидни како типови и стилови на вино, Тоскана е рековме, мошне разновидна самата по себе. Најголемиот погодок  на  вината од Тоскана е токму нивното сложување со тестенини, пршута, сирење, пилешко, месо од голуби, јагнешко и други видови месо, кои локално се произведуваат.

Тоскана рековме е земја со една од најбогатите кујни во светот. Но тоа е сосема друга приказна.