Нема криза за розето

Нема криза за розето

Дали знаете дека розето е “најтрендовското” вино во светот во последните  дваесеттина години? Овој вид вино постојано добива нова публика. Иако во минатото се сметаа за помалку квалитетни вина, денес розе вината достигнуваат завидно ниво

За розето се води сметка кога се садат нови насади, зашто е воочено дека не секое црно грозје дава и добро розе вино. Веќе се говори за “културата на розето”.

Единствено на пазарот на розе вината не се почувствува ништо од кризат во последните години. Напротив! За последните 20 години консумацијата на розето во Франција е зголемена двојно. Но така е и кај големите потрошувачи какви што се САД, на пример.

И кај нас во последниве години се напрвија добри розеа. Нашите винари го следат трендот и се води исклучителна сметка за да се постигне овошноста која е најпосакуваното својство кај овие вина.

Во светот се особено ценети розеата од француската област Прованса кои станаа лидери на светско ниво. Денес 87 проценти од нивното вкупно производство отпаѓа на овие вина. Се работи за преку 150 милиони шишиња.