Најдобрите од МК

‘Ten barrels’, Шато Камник

(Ten barrels, каберне совињон , Шато камник, алкохол 14%, берба 2011, цена 2520 денари)

Приказната за  тоа како да се направи добро, најдобро, совршено вино, трае безмалку 2 милениума и секогаш почнува одново. Да се направи најдобро вино, од најдобро, од избрано грозје, со совршена грижа, во безмалку совршени услови, тоа е нешто кон што тежнеат пасионираните...
Повеќе

„Марков манастир“, винарница „Сковин“,

(Марков манастир, вранец,  винарница Сковин, скопски вински регион, берба 2011, 12,5 % алкохол, цена 590 денари) За  главната македонска сорта „вранецот“ секогаш се поставувало прашањето за тоа како да се скроти оваа бујна сорта, издашна, богата  со танини... Ја мешале со други сорти, но бесниот „вранец“ се некако се поставувал во прв план, грабејќи им ја...
Повеќе

„Барово“ црвено, винарница „Тиквеш“

(Барово црвено, винарница Тиквеш, асамблажа од кратошија 85% и вранец 15 %, регион Барово, берба 2012, 14,5 % алкохол, цена 950 денари) Ретки се вината кои се наметнуваат уште на стартот. Со  две три берби „Барово“ успеа да се постави како сериозно вино со голема перспектива, она за што се работи и сонува со години. Барово...
Повеќе