МАКЕДОНСКИ ВИНА ВО ПАРИЗ

МАКЕДОНСКИ ВИНА ВО ПАРИЗ

Неодамна  парискиот весник Фигаро  на својата интернет страница специјализирана за вино, објави  текст кој упатува на присуството на македонски вина во Париз. Се вели дека досега и покрај фактот што во Македонија се прави вино од антиката до денес, француската публика немала можност да гужива во нив и иако  се смета дека македонските вина се најдобрите на Балканот. Сајтот  Le Figaro vin  зборува за фасцинантните автохтони сорти, вранец , станушина, прокупец и траминец, темјаника , жилавка, за зачудувачкиот ркацители кој, наводно, Сталин му го подарил на Тито.

Во текстот се зборува за семејните имоти кај нас , но и за големиот ТИКВЕШ  кој велат полни 12 милиони шишиња. И како откровение за македонскте вина се наведува дека  можат да се  добијат  во бистрото Мoзак (Bistro Mauzac) на два чекори од  паркот Луксембург, во срцето на  латинската четврт каде  како знак за распознавање се вее македонското знаме. Тоа  се вели во написот е заслуга на Елица Чолу  која  со одличните  јадења нуди и македонски вина придружени со македонска музика.