ФОРМИРАНА БАЛКАНСКА ВИНСКА МРЕЖА

ФОРМИРАНА БАЛКАНСКА ВИНСКА МРЕЖА

На 4 октомври во Скопје е потпишан меморандумот со кој е формирана Балканската винска мрежа. Засега  оваа мрежа ја сочинуваат организации од МК, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, со цел да ги спроведуваат дефинираните активности. На настанот беа присутни голем број здруженија на вински производители, сомелиери, и организатори на вински настани од целиот Балкан кои во наредниот период ќе работат на заеднички проекти поврзани во развој на винска индустрија, развој на лозарство, развој на вински туризам и теми кои се поврзани со идентификување на проблеми во сите сфери и нивно заедничко надминување.

Основањето на „Балканска Винска Мрежа“ е старт на реализација на проектот Виното како мост што ги поврзува земјите од Западен Балкан.

На настанот како гости  беа присутни и лица од Бугарија, Словенија, Грција и Романија кои во иднина ќе соработуваат во насока за развој на Балканот како вински регион.

Отворајќи го собирот по повод потпишувањето на Меморандумот Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор  на Асоцијацијата Винаод Македонија рече: Тргнувајќи од премисата дека заедно сме посилни, ја формираме оваа мрежа која треба да помогне во одредувањето на стратешките правци  за идниот одржлив развој на винската индустрија, лозарството и винскиот туризам во целиот регион, како и да нуди ефикасни решенија за надминување назаконските и регулаторните бариери кои се појавуваат при пласманот на виното од нашиот регион, но и за надминување на поблемите околу заминувањето на младите луѓе и намалување на невработеноста во нашите држави.