Чорба Султан Махмут

Султанот Махмут бил големиот реформатор на Турција во 19 век. По него е наречена оваа чорба која е извонредна
Состојки: 1 шолја црвена леќа, 1 главица кромид, 2 супени лажици путер, 1 мал морков, 1 мала тиквичка, еден компир, малку целер (корен и лист), 1 кафена лажичка доматно пире.
Подготовка: измијте ја леќата и исцедете ја. Ставете го путерот во садот и пржете го кромидот исечен тенко заедно со леќата околу три минути.
Исечете го морковот на коцкички, уфрлете ги во садот. Истото направете го со копмпирот и тиквичката и со коренот од целер.
После неколку минути пржење додадете го пирето од домати.
Додадете вода и варете се додека зеленчукот да омекне. Посолете по вкус. Ако скате да ја направите крем чорба, можете да ја измиксирате.
На крајот листовите од целерот додајте ги ситно сечкани.
Чорбата се служи врела.

No Comments Yet.

Leave a Reply