„Тиквеш“ одново го потврди статусот – најтрофејна винарница од регионот

Врвните автентични вина на Винарската визба „Тиквеш“ освоија вкупно 25 медали и признанија на трите престижни светски вински натпревари што се одржуваат оваа пролет во Лондон и Брисел, со што „Тиквеш“ го потврди статусот - најнаградувана винарница од Југоисточна Европа. На овие натпревари, „Тиквеш“ освои еден златен, 9 сребрени и 12 бронзени медали, а три вина добија специјални признанија за својот квалитет.
„Вранец Спешл Селекшн“ од бербата 2015-та освои златен медал на угледниот интернационален вински натпревар - International Wine Challenge (IWC), кој годинава по 34-ти пат се одржува во Лондон, В. Британија. Истовремено, ова врвно вино од жирито на натпреварот доби и посебен епитет – „Трофеј меѓу македонските црвени вина“, со што „Вранец Спешл Селекшн“ се најде во исклучително малата група од само 1% од сите пријавени вина на натпреварот коишто го добиваат ова одличје со кое се потврдува дека ги исполнуваат највисоките интернационални стандарди за квалитет.
На овој натпревр, со сребрен медал се наградени „Барово (црвено) 2015“ и „Гренаш Бланк Спешл Селекшн 2016“, а бронзени медали освоија уште пет други врвни вина на „Тиквеш“.
Дополнително, на еден од најмасовните светски вински натпревари - Decanter 2017, кој исто така се одржува во Лондон, а на кој за престиж во винскиот свет се бореа дури 17.200 вина од најпознатите вински региони во светот, три вина на „Тиквеш“ се наградени со сребрени медали. Тоа се вината: „Бела Вода“ (бело) 2016, „Каберне Франк Спешл Селекшн“ 2016 и „Шардоне Спешл Селекшн Оук Едишн“ 2016. На овој натревар дури седум вина на „Тиквеш“ освоја бронзени медали.
Вреден успех е остварен и на престижниот собир на глобалната винска елита што се одржува секоја година во Брисел, Белгија – Concurs Monddial de Bruxelles 2017. Таму, со сребрен медал се наградени четири вина на „Тиквеш“ и тоа: „Александрија класик (розе)“ и „Темјаника Спешл Селекшн“ од бербата 2016-та, како и црвените вина „Вранец Спешл Селекшн“ и „Барово“ од бербата 2015-та.

Comments are closed.