Тавче гравче

Сите го јадеме, но ретко каде нашето тавче гравче се подготвува како што треба. Зашто, не доволно само гравот да се свари, да се запржи и потпече. Тавче гравче е гастрономски дострел

Потребни состојки: 500гр. грав тетовец (ако го најдете вистинскиот зашто кај нас се продава грав тетовец по потeкло од Киргистан!?)/ 400 гр. суви ребра/ 3 лажици масло/ 200 гр кромид/ 300 гр свежи пиперки/ 3 чешниња лук/ 1 луто пиперче/ 200 гр свежи домати/ 1 лажица црвен пипер/ 1 лажичка зачинал/ 2 лажици исечкан магданос.

Подготовка: Гравот се потопува одвечер, потоа се вари и се цеди.
Сувите ребра се сечат на помали парчиња и се варат. Течноста од варењето сочувајте ја.
На маслото испржете ги исечканиот кромид, посипете со течноста од варените ребра и варете на слаб оган 15 минути.
Потоа додајте ги исечканите пиперки, исечканиот лук, лутото пиперче и доматите. Динстајте го зеленчукот десеттина минути.
Замешајте го црвениот пипер, зачиналот и брашното. Се тоа залејте го со останатиот дел од течноста во која се вареле ребрата.
Сварениот грав се става во соодветен сад се додава зеленчукот, варените ребра и се промешува. По потреба додајте вода.
Се посипува магданосот и се пече во рерна на 200 степени околу 25 минути.
Пред послужување, тавчето треба да се лади десеттина минути.

Comments are closed.