Сирење и вино-совршен спој

За виното и сирењето и песни се испеани. Велат дека се работи за совршен „брак“ кој постојано се надополнува. И тука има правила зашто секое вино и не оди со секое сирење. Генерално, колку се сирењата бели и посвежи, виното треба да има поовошни ароми. Масните сирења се спојуваат со вина од сортата шардоне или со розеата. Ког сирењето е тврдо и масно, тогаш виното треба да биде и појако, со побогати вкусови. Најголемиот дел на таканаречените сини сирења (со мувла), како рокфорот или горгонзолата, одлично се вклопуваат со послатки па дури и слатки вина.

Многу ароматични црвени вина се пресилни за сирењето. Вино со танин ги неутрализира вкусовите на сирењето и затоа не се препорачуваат. Единствено со сортата црн пино (pinot noir). Сепак држете се главно до белите вина кои дозволуваат и сирењето и виното да дојдат до полн израз.

Ексклузивно, велат стручните, сирењето оди најдобро со пенливи вина!

Нашите бели сирења ако се млади и се уште недозреани, надополнете ги со вино од сортата бел совињон (sauvignon blanc). За другите бели сирења шардонето (chardonnay) е најдобра варијанта. Со кашкавалите, зависно од тврдоста, маснотијата и узреаноста, можете да пиете и лесни вина од сортата мерло (merloт), а колку се потврди одат и со каберне совињон (cabernet sauvignon), шираз (chiraz). Најсилните можат да легнат и со послатки вина.

Како и да е, многу солените сирење не се сложуваат најдобро со виното затоа што засенува виното.

No Comments Yet.

Leave a Reply