Салата со наут и сирење

Состојки:100гр варен наут, 50гр листови од кељ, 50 гр зелени маслинки без семка, 2 чешниња лук, една помала главица црвен кромид, 100гр чери домати,една лажичка вински оцет, една лажица маслиново масло, 350 гр овчо сирење, неколку ливчиња свеж босилек, сол.

Подготовка: листовите кељ се варат 2-3 минути во вода, се цедат и разладуваат. Лукот се гмечи. На чинија за служење се стават чери доматите исечени на половинки, сврениот наут, кељот, исечканите маслинки, лукчето,исечканиот црвен кромид, листовите босилек, па се тоа се прелива со маслото и оцетот. Лесно се промешува и врз сето тоа се става сирењето исечено на коцки или издробено. Пред служење добро се изладува во фрижидер.

No Comments Yet.

Leave a Reply