Розе вината на „Тиквеш“ најдобри во регионот

На нашиот сајт веќе пишувавме за светскиот интерес за розе вината кои со години наназад бележат голем пораст на побарувачка (види: http://invinoveritas.mk/category/trendovi/). Дека и Македонија се вклучува во овие трендови се потврди и на престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, каде винарската визба „Тиквеш“ освои два сребрени медали за розето од линијата „Александрија ќуве“ и „Розе Класик“ од бербата 2015-та.
Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија.
По тој повод генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски вели: „Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две викококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на розе вина е дотолку поголемо ако се знае дека најголемиот број наградени вина потекнуваат од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. Во светот на виното, вброувањето во тоа друштво е најдобрата можна препорака за квалитетот на нашите вина и е доказ дека „Тиквеш“ располага со знаење и технологија кои и овозможуваат да произведе вина со светски квалитет“,

Comments are closed.