Виното е приказна

Дека виното мора да има и приказна со него или околу него, сведочи и една случка со 600 литри порто вино. Ова вино кое семејството виноградари од долината Дуро во Португалија го чувале во две буриња којзне од кога, решиле да им го продадат на англиски трговци. Во тој момент се проширила приказната дека исто такво буре од истиот производител своевремно купил и Винстон Черчил, прославениот британски премиер од Втората светска војна.
После оваа приказна, кога виното од двете буриња било препакувано во 1.400 шишиња и откако добило највисоки референци од најпознати вински стручњаци, на аукции во Лондон и Хонг Конг достигнало цена од 3200 долари по шише.

No Comments Yet.

Leave a Reply