Винарот Стинг

Светската ѕвезда, пејачот Стинг освен творештвото во музиката се занимава, многу сериозно и со винарство. Заедно со сопругата Труди Стајлер со која е во брак 35 години, се грижат за имотот во Тоскана, јужно од Фиренца. Имотот постои уште од 16 век има 26 хектари лозја кои Стингови го обновиле пред 15 години, на кои лозата се третира на интегрално биодинамичен начин. Тука е и паркот од 350 хектари кој има 8000 повеќестолетни маслинови дрва, од кои добиваат 4000 шишиња маслиново масло, а одгледуваат и пчели. Ова разбирливо за Стинг затоа што тој важи за голем активист за зачувување на околината и е соосновач на фондацијата за дождовните шуми.
Во лозјата одгледуваат автохтони сори (санџовезе, верментино, канајоло, колорино…Имињата на вината се од неговите песни -“message in a bottle”, “sister moon”, “when we dance”).

Comments are closed.